Делата создадени со генеративна вештачка интелигенција не можат да бидат заштитени со авторски права во САД

36

Уметничко дело создадено од вештачката интелигенција без човечко дејствување не може да биде заштитено со авторските права според американскиот закон, пресуди судот во Вашингтон.

Само делата коишто ги создал човек може да бидат заштитени со авторски права, соопшти судијката од окружниот суд во Вашингтон, Берил Хоувел, потврдувајќи го отфрлањето на Американското биро за авторски права кое го пополнил компјутерскиот научник Стивен Талер во името на неговиот систем DABUS.

Одлуката дојде откако Талер не успеа да добие американски патенти за пронајдоци за кои тврдеше дека ги создал за  DABUS (Device for the Autonomous Bootstrapping of Unified Sentience). Сепак, овој инженер аплицираше за истите патенти во некои други земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Јужна Африка, Австралија и Саудиска Арабија, со ограничен успех.

Адвокатот на Талер во понеделникот рече дека тој и неговиот клиент не се согласуваат со одлуката на судот во Вашингтон и дека ќе се жалат. Канцеларијата за авторски права во понеделникот рече дека „верува дека судот ја донел вистинската одлука“.