Delfast – електричен велосипед што поминува 380 километри со едно полнење

48

Delfast е електричен велосипед со којшто може да се поминат 280 километри само со едно полнење.

Велосипедот е наменет за оние кои го користат ова превозно средство на долги патеки, но и низ градскиот метеж. Delfast има контролна табла на предниот дел каде што се гледаат информации како што се: состојба на батеријата, брзина на движење и истата се гледа на секакви временски прилики, дење и ноќе. Автоматските светла за сопирачките овозможуваат велосипедот да биде видлив на секаков вид на патека.

delfast-kickstarter

Производот е дело на украинскиот старт – ап Delfast и моментално има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде има собрано 130.445 долари од побараните 50.000. Достапен е во три верзии Pime, Top и Lite и во зависност од тоа што ќе одбере, корисникот може да вози сам или да  го остави велосипедот да ја заврши работата за него. Тоа значи дека не мора да има добра физичка кондиција за да тргне на пат.

Delfast достигнува максимална брзина од 56 километри на час и има три модели на ограничување на брзината за различни земји и тоа САД, Европа и без ограничувања.

Фото: Kickstarter