Dell го претстави најиздржливиот таблет – Latitude 12 Rugged tablet

24

tablet dell

Технолошкиот гигант Dell го претстави новиот таблет Latitude 12 Rugged tablet, којшто е дизајниран да ги издржи дури и најсуровите услови, пишува Digital news Asia.

Овој таблет, којшто се одликува со модерен дизајн и функционалност, е најновиот член во иновативното портфолио на Dell.

Тој е дизајниран специјално за корисници кои имаат потреба од флексибилен мобилен уред, а екранот на допир функционира и преку ракавици. Таблетот има батерија којашто може да трае и до 12 часа, а во пакет доаѓаат и дополнителни две заменливи батерии.