Dell го презеде гигантот Quest software

19

Dell ја заврши својата долго очекувана аквизиција за купување на водечкиот пакет на акции на ИТ гигантот Quest Software. Со аквизицијата Dell успеа да го окрупни својот капитал на повеќе од 10 милијарди долари.

Quest software е водечката светска компанија за софтвер за управување, поедноставување и решавање на ИТ предизвици на компаниите. Софтверот на Quest software базиран на ‘cloud’ технологијата („Cloud computing“ е локациски независно работење, каде комјутерските сервери кои им овозможуваат ресурси, софтвер, и податоци на компјутери или други уреди кога ќе побараат информација, слично на електроснабдувањето).

„Превземањето на Quest software е огромен чекор за јакнење на нашите „end-to-end“ ИТ можности, зајакнување на пазарната моќ и оствареување на поголема вредност на потрошувачите на технологијата на Dell. Со оваа аквизиција се унапредуваат четири важни полиња од работењето на Dell, сигурноста, работната интелегенција, апликациите и управувањето“, изјави претседателот на Dell, Џон Свеинсон.

Quest software на глобалниот пазар има над 100.000 клиенти, (од кои најголемиот број се компании гиганти во своите делувања), над 5.000 партнери, 1.500 нови софтвери во текот на една година, 1.300 програмери и пет милијарди долари годишен приход.