Dell ќе прави кутии за лаптоп од рециклирана пластика

33

plasticen-otpad-pexels

Технолошкиот гигант Dell ја претстави првата кутија за лаптоп изработена од рециклирана пластика, како дел од пилот проектот што предвидува користење на пластичен отпад. Dell користи отпад од океаните за изработка на кутија за пакување на лаптопот XPS 13 2-во-1. Овој проект во 2017 година ќе го спречи загадувањето од седум тони отпад (кое би се исфрлило во океаните), пишува Business – Standard.

Секое пакување ќе има ознака HDPE 2 (High Density Polyethylene), што значи дека може да се рециклира.

Dell е еден од пионерите (кај технолошките компании) во користењето на одржливи и рециклирани материјали. Компанијата до 2020 година планира во своето производство да користи околу 25 милиони тони отпад.