Dell планира целосно да престане да користи чипови произведени во Кина до 2024 година

81

Американскиот производител на компјутери Dell планира да престане да користи чипови произведени во Кина до 2024 година, а компанијата веќе им кажа на добавувачите дека значително ја намалуваат количината на компоненти „made in China“ во нивните производи со цел да го диверзифицираат нивниот синџир на снабдување. Потсетуваме дека тензијата меѓу Вашингтон и Пекинг принуди бројни компании да бараат излез од земјата за да ги намалат ризиците, пишува Lider.hr.

Третиот по големина производител на компјутери во светот по испораки им кажа на добавувачите на крајот од минатата година дека има намера „значително да го намали“ количеството на чипови произведени во Кина, објави Фајненшл тајмс.

Целта на Dell е до 2024 година сите чипови што се користат во неговите производи да се произведуваат во капацитети надвор од Кина, велат тие. Овој потег е најнов пример за тоа како технолошката војна меѓу САД и Кина ги мотивира производителите на електроника да го диверзифицираат производството подалеку од најголемата азиска економија.