Ресторанот Delmonico’s, којшто се наоѓа близу Њујоршката берза во центарот на Менхетен, прославува 180 години постоење, пишува Business Insider. Тој е еден од првите ресторани во САД каде гостите можеле да седнат за да јадат.
Delmonico’s најмногу е познат по своите стекови од разни видови на месо, но ресторанот има и специјални оброци што нема да се најдат на менито. Станува збор за Secret Billionaire’s Menu, односно мени од солени и слатки јадења што може да ги нарачаат оние со малку подлабок џеб.
Најскапо јадење на тајното мени за милијардери е Billionaire’s Flatbread, специјален леб од 150 долари со јастог, младо говедско, црни тартуфи и 24-каратен златен лист што може да се јаде. Тука е и сендвичот со кашкавал на скара којшто чини 100 долари, колаче обложено со златен прав и бел фондан од 50 долари и милкшејк за милијардери којшто го има во две варијанти чоколадна и кафе со цена од 35 долари по чаша.
Врз милкшејкот се става сладолед, карамелизирани пуканки и чоколада украсена со 24-каратен златен лист.
Фото: Delmonico’s