Делотворна маска за лице од само две состојки

26

ogledalo

Фото: Pexels

Митесерите се појавуваат како резултат на зголемено лачење на маснотии од лојни жлезди. Причина за нивната појава можат да бидат и бактериите, прашината и останатата нечистотија што доаѓа во допир со лицето, како и стресот и несоодветните козметички препарати.

Најчесто ја појавуваат на носот на челото или брадата, а освен што не изгледаат пријатно, ако се воспалат можат да болат. Затоа е многу е важно да не ги чепкате и стискате.

За маската ќе ви бидат потребни две белки и лажичка лимонов сок.

Белките се матат со вилушка, а потоа се додава сокот. Нанесете ја маската на лице и држете ја додека не стане цврста, околу 20 минути.

Потоа полека извлечете ја маската и видете ги резултатите.