Деловната клима во Германија се подобрува, но компаниите сè уште се песимисти (инфографик)

71

Деловната клима во Германија се подобри во мај, кога компаниите беа задоволни од сегашните услови, но нивните очекувања за иднината останаа песимистички, покажуваат податоците на минхенскиот институт Ifo, објавени во петокот.

Индексот на деловното расположение се зголеми од 91,9 поени во април на 93 поени во мај.

Подобрувањето е јасно видливо во производниот сектор, каде компаниите известија дека нивната моментална состојба е нешто подобра, а се подобрија и деловните очекувања. Сепак, производителите остануваат скептични за следните месеци, бидејќи побарувачката е значително забавена, а со тоа и бројот на нови нарачки.

Слична е сликата и за услужниот сектор, каде компаниите се многу позадоволни од сегашните услови. Последното големо подобрување на индикаторот беше забележано во јуни 2021 година. Во исто време, ставовите станаа попесимистички, особено компаниите кои работат во областа на логистиката и транспортот.

Што се однесува до градежништвото, деловната клима бележи благ пораст во однос на падот од април, а повисока е и оценката за тековните деловни услови. Сепак, повеќето компании остануваат песимисти.

Единствен исклучок е трговијата, каде и оценката за тековните состојби и очекувањата се подобрени, иако тие останаа негативни.

Податоците на институтот, исто така, покажуваат дека мерката за очекувања на Ifo благо се зголемила од 86,8 поени во април на 86,9 поени во мај. За споредба – во мај 2021 година индикаторот беше еднаков на 102,1 поени.

„Веројатноста за рецесија видливо се зголемува“, изјави претседателот на институтот, Клеменс Фуст, цитиран од „Блумберг“. „Има многу песимизам за ситуацијата со гасот“, додаде Фуст.