Delta Air Lines воведува бесплатни СМС пораки за време на летовите

21

plane-2605716_960_720

Фото: Pixabay

Вториот најголем авиопревозник во светот, Delta Air Lines од први октомври ќе овозможи праќање на бесплатни пораки на сите меѓународните и домашни летови, пишува Digital Trends. Американската авиокомпанија досега наплаќаше два долари за СМС пораки за време на летовите.

Патниците од следниот месец ќе можат да ги користат апликациите iMessage, WhatsApp и Facebook Messenger за време на летовите со превозникот, а до нив ќе пристапуваат преку Wi – Fi порталот на Delta.

Услугата ќе биде достапна во сите 130 авиони од флотата коишто веќе имаат Gogo Inflight интернет. Сепак, корисниците нема да можат да праќаат фотографии, видеа или аудио пораки.