Delta City е првиот dog friendly трговски центар во Србија

14

dog friendly delta city

На иницијатива на Кинолошкото друштво Нов Белград, Delta City ќе биде првиот трговски центар во Србија што ќе биде “пријателски расположен кон кучињата“ (dog friendly), пишува Екапија.

Во првата фаза од реализација на проектот, на кучињата до осум килограми ќе им биде дозволено движење низ трговскиот центар, а влез им одобрија повеќе од 70 закупци на продавници.

“Голема благодарност за Delta City што први го препознаа значењето на нашата иницијатива да им биде дозволен влез на кучињата во трговскиот центар заедно со нивните сопственици. Во текот на првата фаза без никаков проблем ќе се движат помали кучиња, без оглед на нивната раса, до осум килограми. Сигурни сме дека по одредено време оваа граница ќе биде поместена и за поголемите кучиња“, рече Горан Шаренац, претседател на Кинолошкото друштво Нов Белград.

Zara, H&M, Bershka, Комерцијална банка, Pull & Bear, Massimo Dutti, Jasmin, iLike, Samsung, Carpisa, Intimissimi, Calzedonia, Cineplexx, Buzz, Samsonite, New Yorker, Lacoste, Springfield, Coincasa… се дел од закупците кои им одобрија влез на купувачите заедно со нивните домашни миленици, а на влезот ќе бидат поставени посебни ознаки Dog friendly за да бидат полесно препознатливи.