
Во 2020 година, членките на српскиот Delta Holding генерираа EBITDA од 46,5 милиони евра, 7,5% повеќе од година порано.
Минатата година приходите на Холдингот изнесуваа 511,2 милиони, што е за 2,2% помалку отколку во 2019 година
Во наредните години Delta Holding планира да го продолжи големиот инвестициски циклус, главно во областа на недвижнините, вреден вкупно околу 500 милиони евра.
Новина во 2021 година е влез на компанијата во потполно нов бизнис – онлајн трговија.
Delta во голема мерка развива платформа за е-трговија, наречена Ananas, која ќе биде активна веќе во првата половина на оваа година. Ќе се разликува по исклучително голем асортиман на стоки, соработка со најголемите добавувачи, но и целосно ново корисничко искуство. Инвестицијата во Ananas во следните пет години ќе изнесува 100 милиони евра.
“Со финансиската моќ и инвестициското искуство што го има Delta, убедени сме дека можеме да создадеме регионален гигант во онлајн трговијата. Ananas ќе им понуди на клиентите нешто што не се навикнати во домашната трговија, а го имаат само најголемите глобални трговци како Amazon или AliExpress. На самиот почеток ќе го покриеме српскиот пазар, но со намера да бидеме присутни на пазарите во поранешна Југославија многу скоро, плус Албанија“, вели Марија Десивојевиќ Цветковиќ, потпретседател на Delta за стратегија и развој.
На 4 февруари 2021 година ќе поминат точно 30 години од основањето на Delta Holding. За три децении, компанијата од продажба на бизниси оствари приход од 2,5 милијарди евра и ги реинвестираше овие пари во Србија и земјите од регионот.