
Светскиот ден на електричните возила, како неформален празник, се слави денес и е воспоставен со цел да се подигне свеста за улогата што ја играат електричните возила во постигнувањето на климатските цели.
Овој ден ќе биде одбележан со бројни работилници, предавања и тест возења низ целиот свет.
Професионалната услуга за превоз на патници „Еволушн“ наведува дека иако најмногу се зборува за придобивките од електричните возила за намалување на емисиите, овој вид транспорт има многу поголеми предности.











