
Денеска Регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерва на полноќ.
Првичните проекции на извршната власт сигнализираат надолна корекција кај цената на дизелот, што би значело олеснување за транспортниот сектор, додека кај бензините се очекуваат минимални прилагодувања нагоре..
„Очекувам дизелот да поевтини од 2 до 2,5 денари, и очекувам мало зголемување на бензините“, рече премиерот Христијан Мицкоски.











