Денеска започнува исплатата на јануарските пензии преку Комерцијална банка

Комерцијална банка АД Скопје информира дека исплатата на пензиите за месец јануари ќе започне денеска, 30-ти јануари.

Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден.

За оние пензионери кои сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направат тоа од 30 јануари и во секој работен ден после тоа.