Денот на вљубените го слават повеќе од Божиќ, а еве колку трошат за тој ден

46

Повеќе од половина овој ден го гледаат како начин да ја покажат својата љубов и внимание, а тоа не е нужно поврзано со партнерот, туку и пријателите, семејството, миленичињата. Исто така, 69% од Американците велат дека “те сакам“ го изговараат повеќе на 14 февруари, отколку било кој друг ден во годината.

OnePoll студијата ги проучувала навиките и однесувањето на луѓето за време на Денот на вљубените и покажа дека денот не е исклучиво поврзан со романтика, имајќи предвид дека 28% од Американците планираат 14 февруари да го поминат со домашните миленици, а 59% со пријателите.

Својата љубов кон партнерот, миленичето или други драги личности ја демонстрираат со купување на поклони, па 64% од Американците ќе подарат конкретен производ, вечера или посета на спа центар.

Дури 33% од Американците земаат слободен ден од работа за да го прослават овој ден.

Оваа година просечен Американец ќе потроши над 50 долари, а еден од пет повеќе од 100 долари.

Фото: Pexels