Denqul – батерија што се полни со ротирачки движења

25

Фото: Nendo

Јапонското студио Nendo креираше мобилна батерија што може да се полни со помош на ротирачки движења со рака, пишува Dezeen. Батеријата е наменета за полнење на паметни телефони во случај на прекин на струја.

Преносната батерија наликува на стапче, а доаѓа за едно со сет за класично полнење и во домашни услови, којшто може да се користи и за чување на предмети.

Првично од Nendo планирале да користат сончеви панели за енергија, но сепак се одлучиле за центрифугална сила добиена рачно.

Стапчето се вади и се извлекува до двојно зголемување на должината. Потоа се витка надоле за 90 степени и се мести во форма на буквата L. Во таа форма лесно се ротира со една рака, неколку минути и на тој начин се генерира енергија. Denqul се состои од генератор којшто користи магнети и калеми од жица за да ја претворат ротационата моќ во електрична.