Меѓународните доверители од Грција ќе побараат да спроведе уште 150 нови реформи во економија која е на работ на пропаст, пишува германскиот неделник Der Spiegel.
Повикувајќи се на привремената верзија на извештајот на Тројката (Европска унија, Меѓународен монетарен фонд и Европска централна банка), Spiegel додава дека Атина ќе добие уште две години за довршување на реформите кои и се наметнати, но тоа доцнење ќе ја чини од 30 до 38 милијарди евра.
Грција спровела 60% од бараните реформи. За 20% реформи владата уште преговара, а за остатокот допрва треба да изработи план. Во извештајот се спомнуваат и други мерки, на пример автоматско зголемување на данокот ако реформите не се спроведат на време.
Грција мора да ја убеди Тројката дека остварила доволен напредок во спроведувањето реформи за да и биде одобрен пакет помош вреден 31,5 милијарди долари, без кој Грција ќе оди во стечај. Конечниот извештај на Тројката се очекува најдоцна до 12 ноември, пишува Spiegel.