Десет најинтересни старт – ап бизниси во Њујорк

40

Њујорк е светска метропола каде на технолошката сцена постојано се појавуваат нови старт – ап бизниси. Бизнис инсајдер направи избор од повеќе интересни компании, од кои издвојуваме 10:

EmPowered

canta mobilen

Станува збор за старт – ап што мисли на жените. Дизајнираните женски чанти на EmPowered имаат доволно енергија целосно да го наполнат мобилниот телефон два пати. Основач на овој бизнис е Лони Едвард, која зад себе има три старт – ап идеи, како и наградата за бизнис жена на TechDay NY.

Lynxsy

ly

Апликацијата Lynxsy им нуди поддршка на штотуку дипломираните студенти и старт – ап бизнисите. Младите луѓе можат да ги вметнат своите LinkedIn профили во оваа апликација и да направат кратко видео. На тој начин, работодавачите ги вработуваат и ги плаќаат новите вработени преку оваа апликација.

Fancy Hands

fancy hands

За месечна претплата, преку овој старт – ап можете да ја добиете потребната помош од вработените во Fancy Hands. Може да се направи резервација преку мобилната апликација, интернет страницата на Fancy Hands или со едноставен повик на еден од големиот број асистентите, по што ќе ја потврдите вашата хотелска резервација или ќе најдете евтини билети за вашиот омилен концерт.

FlyCleaners

flycleaner

Благодарение на FlyCleaners, испраните и испеглани алишта секогаш ќе бидат пред вашата врата кога ви е потребно. Преку мобилна апликација постои можност за избор на детергентот, омекнувачот и сето она што ви е потребно за да бидат испрани и испеглани вашите омилени парчиња гардероба или други видови ткаенини.

Fundera

jared hetch

Основан од милионерот Џарет Хеч, Fundera е интернет страница што им помага на малите бизниси да ги добијат потребните финансиски средства од алтернативни извори на финансирање. Fundera ги поврзува корисници на средствата и заемодавачите и ги советува на кој начин можат и каде да се инвестираат средствата, соодветно на нивните потреби.

Lover.ly

lover ly

Бизнисот со свадбите е особено голем, па стартапот Lover.ly успева одлично да заработи од тоа. Освен собирање и категоризирање на сите потребни детали за свадбената веселба, Lover.ly е страница за електронска продажба, каде невестите можат да си порачаат се што им е потребно за денот на нивната свадба.

Kickstarter

kickstarter

Kickstarter е најголемата crowdfunding платформа во светот, преку која над пет милиони луѓе инвестираа повеќе од 900 милиони долари од моментот на нејзиното отворање во 2009 година. Неодамна, Левар Буртон инвестираше 4,7 милиони долари, што е најголем поединечен износ на платформата, со цел повторно да ја заживее емисијата Reading Rainbow. Емисијата беше актуелна во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, а целта беше да се анимираат младите да читаат книги.

KeyMe

keyme

Старт – ап бизнискот KeyMe им овозможува на корисниците на едноставен начин да го зачуваат својот клуч. KeyMe им овозможува да ги споделат и да ги дуплираат своите клучеви преку дигитално скенирање што се чува во облак (cloud). Компанијата има неколку киосци низ Њујорк, каде што корисниците можат да направат копија од својот клуч, а планирано е вакви киосци да се отворат во повеќе градови, благодарение на 7,8 милиони долари што компанијата ги обезбеди во април.

Flatiron Health

flatrion

Откако биле сведоци на нивни блиски луѓе во борбата со ракот, Нет Тарнер и Зак Веинберг го основале стартапот Flatiron Health. Целта е да се соберат податоци поврзани со ракот и така формираната база на податоци ја продаваат на доктори и истражувачи, кои потоа можат да ги користат податоците за понатамошни истражувања и лекувања на своите пациенти.

Handybook

handybook

Доколку имате работа околу вашиот дом, но не можете сами да се снајдете, Handybook е тука да ви помогне. Книгата со услуги за многу брзо време ќе ви помогне да го пронајдете соодветниот мајстор и да резервирате термин за да дојде во вашиот дом и да ја направи потребната санација.