Десет светски ектремни климатски феномени

137

Силни ветрови, поројни дождови, високи температури и суши – климатските промени стануваат се почеста појава. Сигурно се прашувате каде во светот сонцето најмногу грее, а каде има најмногу дожд. Порталот croenergo.eu направи листа од десет екстемни метеоролошки феномени.

Најтоплиот ден во историјата

im

Десетти јули 1913 година во Долината на смртта во сојузната држава Калифорнија термометарот измерил дури 56,7 степени Целзиусови.

Најстудениот ден на Земјата

im (1)

Селото Омјакон во сибирската република Јакуциј е познато како едно од најстудените населени места во светот. Во далечната 1926 година таму се измерени минус 71,2 степени. Во истражувачката база Восток на Антарктикот во 1983 година живата на термометарот паднала 89,2 степени под нулата.

Најсончевото место во светот

im (3)

Градот Јума во Аризона е најсончевото место на планетата. Таму сонцето грее во текот на целата година или поточно 313 денови.

Смртоносен град

imm

Во 1986 година е регистриран најсилниот град што го погоди областа Гопалган во Бангладеш, а силното невреме со себе однело 92 животи. Наводно имало зрна град тешки околу еден килограм. Од 2010 година во САД се чува најтешкото зрно град што има дијаметар од околу половина метар.

Најголема количина на дожд

im (4)

Черапун во Индија го држи светскиот рекорд по најголема количина на дожд што наврнала. Од први до 16 јуни 1995 година во таа област наврнале дури 2.493 милиметри дожд. Најмногу дождливи денови во годината има еден изгаснат вулкан на хавајскиот остров Кауаи, каде врне од 350 до 365 дена во годината.

Најголема суша

im (5)

Жителите на градот Арика во Чиле од 1903 до 1918 година се соочувале со најдолгиот сушен период во историјата – вкупно 173 месеци без ниту една капка дожд.

Најсмртоносниот ураган

im (6)

Најсмртоносниот ураган го погоди Мјанмар во мај 2008 година. Ураганот Наргис усмртил 138.000 лица. Тајфунот Хаијан, кој ги погоди Филипините во ноември минатата година, не беше толку смртоносен, но во историјата ќе биде познат по неговата разорна моќ, со силина од 310 километри на час.

Снег во Каиро?

im (7)

Иако звучи необично, во главниот град на Египет – Каиро, во декември минатата година за прв пат по 112 години била забележана снежна покривка. Во истата година во Москва беше забележана најголемата снежна покривка од 65 сантиметри.

Најмногу громови

im (8)

Најмногу громови се регистрирани над езерото Маракаипо во Венецуела. На местото каде реката Катакумбо се влева во езерото регистрирани се громови од 18 до 60 пати во минута и до 3.600 пати во еден час.

Најмногу денови под магла

im (9)

И Германија има свој метеоролошки рекорд – 330 дена под магла. Оваа појава била забележана во 1958 година на планината Брокен во Харц.