Десетгодишник измисли уред којшто ќе ги “спасува“ децата од жешкиот автомобил

25

carФото: YouTube

Десетгодишно момче од Тексас, Бишоп Кари, измисли уред којшто ја следи температурата во автомобилот и може да ги спаси животите на малите деца кои се оставени во жешки автомобили, пишува New York Post.

Уредот наречен Oasis собра 20.000 долари преку GoFundMe кампањата за негово развивање. Концептот е обликуван како мала кутија во која има поставено сензори и испушта ладен воздух и дава известување дека температурата на воздухот во автомобилот е висока. Уредот се поставува на задните потпирачи за глава на возачот или седиштето за деца. Бишоп дошол до оваа идеја кога шест месечно бебе од соседството било оставено во автомобил и починало од топлотен удар.

Според истражувањето на државниот универзитет San Jose во САД, од 1998 година до сега, 712 деца имаат починато од топлотен удар бидејќи биле заборавени во автомобил.