Десетте најбогати луѓе имаат богатство од над 100 милијарди долари

97

Девет од десетте најбогати луѓе во светот се Американци, според пресметките на Bloomberg. Сите милијардери во првите 10 веќе имаат богатство кое се мери на над 100 милијарди долари.

Лидерството останува непроменето, предводено од основачот на Amazon, Џеф Безос со 209 милијарди долари и извршниот директор на Tesla, Илон Маск со 178 милијарди долари.

Најбогатиот Европеец, Бернард Арно, кој е претседател на бордот на директори на компанијата за луксузна стока LVMH, е на третото место со богатство од 170 милијарди долари.

Технолошките милијардери Бил Гејтс (Microsoft), Марк Цукерберг (Facebook), Лери Пејџ и Сергеј Брин (Google) и Лери Елисон (Oracle) се на четвртото до осмото место.

Инвеститорот Ворен Бафет и поранешниот извршен директор на Microsoft, Стив Балмер се најдоа во првите десет, проценети на 101 и 103 милијарда долари.

Десетте најбогати луѓе на планетата додадоа на своето богатство 245 милијарди долари од почетокот на 2021 година.

Фото: Pixabay