Фото: Pixabay
Петта година по ред аеродромот Сингапур Чанги ја освои титулата најдобар светски аеродром на годишниот натпревар SkyTrax World Airport.
Како што пренесува CNN, церемонијата се одржа во Амстердам, а наградите се доделуваат врз основа на меѓународни патнички анкети од милион испитаници.
“Освојувањето на SkyTrax за најдобар аеродром веќе петта година по ред претставува силен поттик за нашата воздухопловна заедница“, вели директорот на Сингапур Чанги, Ли Сејоу Хианг.
На листата десет најдобри аеродроми во светот се најдоа и четири европски аеродроми, и тоа во: Минхен, Цирих, Лондон и Франкфурт. На листата топ 10 аеродроми се:
1. Аеродромот Сингапур Чанги
2. Меѓународен аеродром во Токио (Ханеда)
3. Меѓународен аеродром Инчеон (Сеул, Јужна Кореја)
4. Аеродромот во Минхен (Германија)
5. Меѓународен аеродром во Хонг Конг
6. Меѓународен аеродром Хамад (Доха, Катар)
7. Аеродромот Чубу Центрер Нагоја, (Јапонија)
8. Аеродромот во Цирих, (Швајцарија)
9. Аеродромот Хитроу, Лондон (Велика Британија)
10. Аеродромот во Франкфурт, (Германија)