Десетте најважни бизнис совети на Доналд Трамп

37

tramp

Фото: Wikipedia

Могулот за недвижнини и моментално кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, во својата книга Како да станете богати ги дава своите десет најважни совети.

Познатиот бизнисмен, автор и ТВ ѕвезда зад себе има долгогодишно искуство на успешни зделки, а неговото богатство се проценува на 4 милијарди долари.

Научете да го одберете вистинскиот момент

Понекогаш залудно се трудите да направите или добиете нешто. Колку и да сте се подготвиле, имате право и доаѓате со добри аргументи, ако не го погодите вистинскиот момент сè може да ви “падне во вода”.

Бидете добро информирани

Потрудете се да бидете во чекор со случувањата на локално, државно и светско ниво. Не можете сè да знаете, но можете секој ден да учите по нешто ново.

Бидете професионални

Не претерувајте со ништо, па дури и кога се работи во посветеноста на работата. Правете го тоа што треба, онака како што треба со вистинската доза на професионалност.

Подгответе се за најлошото

Секоја кариера има подеми и падови. Можноста да се предвидат проблемите може само да ви заштеди енергија и нерви.

Секогаш работете одговорно

Научете ја секоја ситница за вашата работа, во спротивно можете да наидете на непријатни изненадувања.

Бидете фокусирани

Кога се работи од клучно значење е да се задржи фокусот на случувањата. Сигурно не би сакале да направите грешка само затоа што некој или нешто ви го одвлекло вниманието.

Работете за себе

Кога работите за себе сте задоволни, а тоа задоволство можете потоа да го пренесете и на другите.

Не ги трошете зборовите напразно

Внимавајте што кажувате, кому и како. Изберете ги вистинските зборови за вистинската личност и не ја трошете енергијата бесполезно.

Преиспитувајте се

Секој човек прави грешки и затоа треба постојано да се преиспитувате, анализирате и да ги согледувате вашите постапки од различни агли.

Давајте 100% секој ден

Потрудете се во целост да го искористите денот за позитивни цели, за движење напред, за давање и добивање зошто времето не се враќа назад.