Деспотовски: Носиме инвеститори кои ќе создаваат поголема вредност и можности за исплаќање поголеми плати

80

Фабриката на „Гересхајмер“, која соработува со фармацевтски гиганти како Фајзер, отвора нова фабрика во ТИРЗ Скопје 2 во која ќе вложи над 126 милиони евра, што претставува рекорден износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони (ТИРЗ), вели Јован Деспотовски, директорот на ТИРЗ, за Утрински брифинг.

Директорот на ТИРЗ вели дека со ова Германија станува најголем инвеститор во индустриските зони во Македонија.

„Ова е развоен правец каков што не се практикуваше досега. Ние сега носиме инвеститори кои ќе создаваат поголема вредност па оттука ќе имаат можности и да исплаќаат поголеми плати за вработените. Освен тоа, станува збор за инвеститори кои ќе вршат голем број вработувања“, вели Деспотовски.