Деспотовски: Се преговара за три големи инвестиции во енергетиката

141

Во тек се разговори за три големи инвестиции во делот на енергетиката. За едната од нив, се очекуваат детали во текот на наредните неколку недели, откри денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски.

„Станува збор за доста сериозни инвестиции, детали соопштуваме како и досега откако ќе имаме веќе одредено ниво на постигнат начин на договор со инвеститорите, меѓутоа очекувам за едната од нив, за која што се разговара веќе неколку години, детали и конкретен одговор да имаме веќе во наредните неколку недели“, изјави Деспотовски.

Станува збор инвестиции кои, според Деспотовски, ќе имаат придонес кон стабилизација и зголемување на производството на енергија во земјава.