Детоксификација на облеката – нов тренд во борбата за здрав начин на живот

25

detergent

Една од најголемите светски компании – Procter & Gamble, се вклучува кон глобалниот тренд за употреба на органски и здрави производи, пренесува порталот Кафе.ба.

Procter & Gamble, меѓу останатите дејности, се занимава со производство на детергнети за перење, кај кои ќе биде намалено присуството на диоксин и ќе биде застапен само со 1,4%. Станува збор за првата “детоксифицирана“ транспарентна постапка, со која компанијата признава дека е високо нивото на хемиски супстанци во производот.

Овој тренд го следат и други големи светски компании, меѓу кои се Victoria Secret, Zara, Uniqlo… Овие брендови ја иницирале важноста од детоксификација на облеката, по што нивните производи ги “ослободиле“ од хемиските супстанци NPE или нонилфенол етоксилат. Станува збор за отровна хемиска материја, што влијае на хормонската рамнотежа на организмот.

Таканаречената “детоксификација“ е природна реакција на заложбата на луѓето да се грижат за себе и за своето здравје.