Detox spray на хрватската компанија Green Planet ги отстранува восокот, пестицидите и хербицидите коишто остануваат на овошјето и зеленчукот по вообичаеното миење со вода, пишува Пословни дневник.
Од компанијата тврдат дека овој производ гарантира 90% отстранување на хемикалиите од овошјето и зеленчукот.
“Detox spray е производ за општа употреба како детергентите за миење садови или паста за заби што треба да ги има во секој дом“, вели Влатко Калапош, сопственик на Green Planet.
Овој спреј содржи комбинација од природни состојки како што се сода бикарбона, лимонова киселина и оцет, што гарантира намалено внесување на штетни материи во организмот.