Deutsche Bank именува нов директор за кризни ситуации

73

Само два дена по изборот на новиот шеф на Надзорниот одбор, Deutsche Bank назначи и лидер на кризниот тим, со што ги комплетира двете најважни функции.

Оливие Вињерон ќе го замени поранешниот кризен директор Стјуарт Луис, се вели во соопштението на банката, пренесе Блумберг. Во истото соопштение се наведува и дека во петок за функцијата претседател ќе биде предложен поранешниот извршен директор на Aegon, Александар Вајнентс, кој ќе го замени досегашниот претседател Пол Ахлајтнер.

„Драго ми е што надзорниот одбор ги реши отворените прашања кои се однесуваат на менаџментот на банката. Оваа јасна поделба на функциите ни дава поттик да ги постигнеме нашите цели и одржлива профитабилност“, изјави извршниот директор Кристијан Севинг. Инаку, овие именувања доаѓаат во последната година од сеопфатниот план за макроекономска активност од 2019 година, потсетува Блумберг.