Deutsche Bank со тримесечна добивка од 692 милиони евра

13

Deutsche bank објави дека во вториот квартал од оваа година има нето профит од 692 милиони евра и покрај пад на приходите од 11% во еден од најважните сектори банката, инвестиционо банкарство.

Тоа четврти последователен квартал во којшто германската банка оствари профит и најдолга серија на позитивни квартални резултати од 2012-та година.

Пазарните аналитичари за еден од најголемите германски кредитори предвиделе нето добивка од 328 милиони евра во тримесечјето што заврши во јуни оваа година, пренесува CNBC.

Вкупните приходи на банката во вториот квартал изнесуваа 6,2 милијарди евра и се незначително пониски од пред една година, додека вкупните трошоци се намалени за околу 7% на годишно ниво, на околу пет милијарди евра.

Бројот на вработени е редуциран на 83.797 од минатогодишното ниво од 86.824 лица.

Фото: Facebook