Deutsche Telekom размислува да даде понуда за Телеком Словеније – веќе избра и советници за преземање

3

telekom slovenijeDeutsche Telekom размислува да даде понуда за преземање на Телеком Словеније, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори упатени во оваа материја. Германскиот оператор го советуваат JPMorgan и Barclays околу понудата за 73% од словенечкиот телеком што се во сопственост на словенечката влада.

Претставници од Deutsche Telekom, JPMorgan и Barclays не сакале да дадат коментари за Блумберг.

И претходно по медиумите се пишуваше дека Deutsche Telekom е сериозно заинтересиран да го преземе Телеком Словеније и тоа преку Хрватски телеком.

Освен Германците, за преземање на словенечкиот телеком интерес покажале Теленор и два фонда, Cinven и Providence.