Гастрономијата во Австрија поради рестриктивните мерки од пандемијата претпре огромни загуби, што достигнуваат и до девет милијарди евра.
Прометот во гастрономијата во Австрија во 2019 година достигна ниво од околу 12 милијарди евра, а во кризната 2020 година се намали за 4,4 милијарди на 7,6 милијарди евра, што е пад од околу 37%.
Очекувањата за оваа година се слични, бидејќи во првата половина од годината прометот беше намален за 4,6 милијарди евра.
Благодарение на владините мерки на австриската влада немаше голем број на затворање на угостителските и други објекти, но тој “бран“ се очекува следната година.
Фото: Pexels