Девет навики на богатите луѓе што нема да ве чинат ниту денар

52

goalsДали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе станале толку успешни? Тајната се крие токму во нивните дневни навики. Според Entrepreneur тоа се:

Медитација

Голем број на успешни луѓе признаваат дека медитацијата им помогнала да стигнат до врвот на успехот. Грижата за вашето тело и дух преку релаксирање, вежбање, здрава исхрана и доволна количина сон ќе ви ги зголемат шансите за успех.

Будење рано

Истражувањата покажуваат дека оние кои се будат порано се секогаш неколку чекори пред другите, посреќни се и поактивни.

Вмрежување

Успешните луѓе знаат колку е важно вмрежувањето со други луѓе. И самите истражувања покажуваат дека колку повеќе луѓе познаваш, толку ќе имаш и подобри резултати на работа. Проширување на контактите им помага на успешните луѓе да бидат поиновативни, поискрени и емпатични.

Секогаш имаат работа

Успешните ретко кога одмараат. Најголемиот дел од нив работат и до 100 часа неделно.

Умеат да речат НЕ

Да се рече НЕ на екстра работа и активности што само ќе ви го потрошат времето е начин на којшто ќе бидете попродуктивни. Доколку велите ДА на сè и секој, нема да имате време да ги исполните предвидените задачи.

Наместо да гледаат телевизија, читаат книги

Истражувањата покажуваат дека 67% од богатите луѓе гледаат телевизија помалку од еден час дневно. Само 6% од нив гледаат реални шоуа за разлика од сиромашните каде таа бројка е дури 78%. Наместо тоа, 86% од богатите сакаат да читаат книги, особено материјали за себе – подобрување барем по 30 минути на ден.

Водат to – do листа

Да се води to – do листа е една од навиките на успешните. На тој начин можат да имаат претстава кои ќе им се приоритетите за следниот ден.

Имаат цели и визуелизираат за нив

95% од успешните луѓе редовно ги запишуваат нивните цели, планови и визии. Тоа го прават пред да си легнат или штом се разбудат наутро со цел да бидат подготвени за предизвиците кои се пред нив.

Внимателно управуваат со парите

Богатите луѓе стигнале каде што се сега бидејќи научиле како правилно да управуваат со нивните финансии. Тоа значи дека умно ги инвестирале парите, секогаш барале нови можности за заработка и штеделе.