Девет проверени домашни третмани против главоболка, кашлица, инфекции…

54

jabolko-morkov

Фото: Pexels

Еве неколку лесни и проверени начини како да си помогнете во домашни услови при главоболка, кашлица и слични непријатни ситуации.

Гаргара со вода за инфекции на горните дишни патишта

Ако почувствувате дека ве гребе грлото и надоаѓа настинка, правете гаргара со вода. Тоа ќе ги спречи инфекциите на горниот респираторен тракт.

Ѓумбир против гадење

Освен што е одличен доколку имате проблем со гадење од било каква причина, ѓумбирот е добар и ако патите од неправилно варење на храната и гасови.

Пилешка супа за грип и настинка

Пилешката супа многу помага да се намалат симптомите на грип и настинка. Истражувањата го потврдуваат ова со оглед на фактот дека овој вид на супа го забавува движењето на неутрофили, односно белите крвни клетки кои се показател на акутната инфекција.

Оцет и алкохол против инфекции во ушите

Комбинација од оцет и алкохол спречува развој на бактериски и габични инфекции во ушите. Ова особено помага кај пливачите чии уши се подолго време во вода.

Јаболка и моркови за бели заби

Не само што се здрави за вашето тело, овие плодови се многу добри и за забите. Грицкањето на морков или јаболко овозможува нивно чистење без употреба на паста и четка.

Мед за кашлица

Медот е испробан и ефикасен лек против кашлица, а најдобро е ако се зема пред спиење.

Мраз за главоболка

Ако имате проблем со мигрена, мразот ќе ве ослободи од болката. Едноставно ставете крпа или кеса со мраз горе на главата или на задниот дел од вратот и непријатното чувство ќе исчезне за 30 минути.

Водка за непријатна миризба од стапалата

Доволно е да натопите една крпа со водка и да ги триете стапалата со неа неколку минути. Лошата миризба набрзо ќе ја снема, а вашите стапала ќе бидат освежени.

Селотејп против брадавици

Брадавиците се безопасни вирусни инфекции на кожата што можат да се пренесат преку контакт. Но, постои еден домашен третман – лепење со селотејп, којшто придонесува за сушење на брадавиците.