Девизните резерви на Албанија достигнаа 6,7 милијарди евра во јуни

Централната банка на Албанија продолжи со надополнување на своите девизни резерви во текот на првото полугодие од 2025 година.

Според официјалните податоци на банката, на крајот на јуни, девизните резерви на државата достигнаа 6,7 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,4 проценти во споредба со идентичниот период претходната година.

Девизните резерви на државата се администрирани од страна на Банката и најчесто се складирани како “должнички хартии од вредност и депозити”.

“На крајот од првата половина од годината, должничките хартии од вредност сочинуваа приближно 73 отсто од средствата, додека готовинските депозити учествуваат со 18 отсто. Остатокот од резервите е инвестиран во злато и специјални права на повлекување (SDR) кај Меѓународниот монетарен фонд”, објави АТА.

За целата 2025 година, Банката на Албанија предвидува да откупи вкупно 270 до 350 милиони евра на домашниот девизен пазар преку јавна понуда.