
Девизните резерви на крајот на мај годинава изнесувале 4.293,6 милиони евра, соопшти Народна банка.
На крајот на мај 2024 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.293,6 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,1%), по што следуваат валутите и депозитите (28,7%) и монетарното злато (11,2%).











