Девизните резерви во јануари 3,77 милијарди евра

69

Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 3.775,6 милиони евра, соопшти Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,2 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (14,4 отсто) и монетарното злато (10,3 отсто).