Девизните резерви во јули зголемени за 91 милион евра

На крајот на јули 2024 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.428,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 91 милион евра, соопшти Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (59,6%), по што следуваат валутите и депозитите (29,1%) и монетарното злато (11,2%).