
Според најновите податоци на Народната банка официјалните девизни резерви на земјата на крајот на декември изнесувале 4.925,3 милиони евра.
Во споредба со претходниот месец (ноември), девизните резерви бележат пораст од 63,1 милион евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2%), по што следуваат монетарното злато (16,5%) и валутите и депозитите (9,3%).











