
Сонцето и топлината имаат разорно дејство врз некои работи што ги користиме и не е мудро да ги оставаме во автомобилите. Се чини разумно да чувате шише вода во вашиот автомобил за време на топлотен бран. Сепак, бисфенолот А и фталатите во пластиката, хемикалии кои дејствуваат како врзива и ја прават пластиката флексибилна, предизвикуваат загриженост кај експертите кои ги проучуваат нивните ефекти врз здравјето на луѓето. Оставањето вода во пластични шишиња во жежок автомобил може да предизвика овие супстанции да се ослободат во водата, пишува The Sunday Times.
Екстремната топлина во автомобилите може да ги оштети батериите на сите уреди што ги користат, од компјутери, мобилни телефони… Исто така, постојат и шишиња крема за сончање, кои не смеете да ги оставате на сонце (интересен парадокс, нели?) бидејќи во некои случаи можат да експлодираат.
Следно се сите спрејови, од дезодоранс до лак за коса. Кога температурата ќе достигне околу 48°C, притисокот во резервоарот се зголемува доволно за да предизвика експлозија, велат експертите. Пластичните рамки на очилата за сонце можат да се искриват и да ја променат бојата, а леќите може да се искриват.
Некои лекови, како што се антибиотиците, треба да се чуваат во фрижидер. Лековите генерално не толерираат топлина, а некои од нив ќе станат неупотребливи по изложување на екстремно високи температури. Ако користите инјекции со адреналин, нивната корисност исчезнува во жешките возила. Што, се разбира, е прашање на живот или смрт.
Карминот ќе се стопи на високи температури.
Документирано е дека лименките со газиран пијалак можат да експлодираат кога се изложени на екстремна топлина. Дури и сокот од портокал може да експлодира ако се остави во автомобил долго време, а тоа значи леплива внатрешност…
Оставувањето запалки за еднократна употреба во автомобилите во топли денови не е паметна идеја. Нивната експлозија може да предизвика голема штета, па дури и да ги скрши шофершајбните.
Не оставајте деца и домашни миленици во затворени возила!














