Џебен дрон за селфи фотографии и видеа

24

dron

Британска старт-ап компанија креираше џебен дрон што се управува со виртуелен џојстик преку апликација за смартфон кога сакате да направите фотографија и видео. Овој минијатурен дрон е идеален за љубителите на селфи фотографиите.

AirSelfie е тежок 52 грама, а може да лета на висина од 20 метри, максимум три минути. По снимањето, дронот безбедно слетува во раката, а снимениот материјал со помош на WiFi може да се пренесе на телефон или да се сподели на социјалните мрежи.

Опремен е со камера од пет мегапиксели и може да снима HD видеа, а со него доаѓа и SD мемориска картичка од четири гигабајти. Дронот е компатибилен со паметните телефони iPhone 6, 7 и 7 Plus, Samsung Galaxy S7, Edge, Huawei P9 и Google Pixel.

AirSelfie веќе има собрано многу повеќе средства на платформата за групно финансирање Kickstarter од поставената цел, а до крај на кампањата има уште 29 дена. Џебниот дрон се очекува да ги замени селфи стаповите, а ќе биде достапен за купување во март следната година по цена од околу 150 евра.