Џеф Безос бизнисмен на деценијата

113

Џеф Безос, основачот на Аmazon, веројатно е најдобар бизнисмен на светот во изминатата деценија, според анкетираните шефови на надзорните одбори на најмоќните компании.

Скоро третина од претседателите на надзорните одбори сметаат дека Безос треба да ја преземе титулата најдобар, додека второто и третото место го заземаат челниците на Alibaba, Џек Ма и директорот на Tesla, Илон Маск.

Безос го основаше Amazon во средина на 90-тите години на минатиот век, а денес е најголема светска онлајн локација за купопродажба. Исто така, оваа голема компанија собира приходи преку услуги во облак и развој на вештачка интелигенција.

Аmazon во 2015 година го изненади американскиот синџир Walmart станувајќи најголем продавач во САД. Аmazon во 2018 година забележа промет од 233 милијарди долари, а Безос на својата сметка има 108 милијарди долари.

Фото: Twitter