Џеф Безос прогласен за најдобар извршен директор во светот

24

amazon-jeff-bezosСписанието Harvard Business Review го прогласи основачот на Amazon, Џеф Безос, за најдобар извршен директор во светот.

Имено, списанието состави листа со водечките извршни директори во светот (од вкупно 1.200 компании кои ги има во S&P Global index), спрема висината на повратниот капитал за своите акционери, базирана на работата на секој извршен директор од стапување на должноста до 30 април годинава.

Бизнис могулот Безос, според анализата на Harvard Business Review, победи со голема предност пред другите кандидати.

На неговото прогласување не влијаеа ни вестите за најголемата квартална загуба на Amazon, на подрачјето на е-трговијата во последните 14 години. Според минатонеделните резултати, компанијата ги препишува овие лоши резултати на слабата продажба на својот прв паметен телефон Fire Phone.

Главниот уредник на Harvard Business Review, Даниел Мекгин, изјави дека луѓето со години попусто се обложуваат против Безос, потенцирајќи дека тој има голем број на акционери кои му веруваат затоа што во последните 20 години и покрај многуте сомнежи милијардерот остварува резултати.