Биткоинот полека се приближи кон вредност од дури 50.000 долари, а меѓу сите актуелности поврзани со оваа криптовалута е информацијата за основање на фонд за развој на оваа дигитална валути, чии основачи ќе бидат раперот Џеј Зи и извршниот директор на Twitter, Џек Дорси.
Според најавите, тие двајца ќе вложат 500 биткоини во овој проект што ќе биде фокусиран на развој на криптовалути, на почетокот во Африка и Индија, а потоа и во други земји во светот. Според актуелната вредност на биткоинот, тие би инвестирале околу 24 милиони долари (500 биткоини).
Дорси веќе подолго време е во овој бизнис, бидејќи неговата компанија Square во октомври минатата година купи 4.079 биткоини, што тогаш имале вредност од околу 50 милиони долари. Сега Дорси најави дека неговата компанија анализира и нови опции за употреба на дигитални валути, вклучувајќи и евентуално плаќање на вработените со биткоини.
Фото: Freepik