Џек Ма донира над 14 милиони долари за заштита од корона вирусот

74

Кинескиот милијардер и основач на Alibaba, Џек Ма донираше над 14 милиони долари, со цел да се пронајде вакцина против корона вирусот, којшто досега усмрти над 130 лица.

Од тој износ, 5,8 милиони долари ќе добијат две државни истражувачки организации, а остатокот е наменет за “превенција и лекување“, пренесуваат тамошните медиуми.

Донацијата следи откако Alibaba основаше фонд од 144 милиони долари за купување медицински материјали за градот Вухан, којшто е епицентар на смртоносниот вирус.

Alibaba е една во низата кинески технолошки компании што донираат средства за борба против корона вирусот.

Фото: Facebook