Џек Ма повеќе не е најбогатиот Кинез

46

Бизнисмен кој се занимава со производство на флаширана вода стана најбогатиот Кинез откако владините напади го намалија богатството на Џек Ма и другите тајкуни. Бизнисменот Жонг Шаншан беше прогласен за најбогат човек во Кина на годишната ранг листа објавена во средата, бидејќи државната кампања за спречување на супербогатите зеде голем залак од богатството на долгогодишните лидери на оваа листа како ко-основачот на Alibaba, Џек Ма. 

Жонг, го зголеми своето богатство по минатогодишното излегување на берза на неговата компанија за минерална вода Nongfu Spring и успехот на посебна фармацевтска компанија, Wantai Biological Pharmacy Enterprise, која ја искористи огромната побарувачка за комплети за тестирањена Ковид-19.
Сега вреди 60,5 милијарди долари, според Hurun Rich List, што претставува зголемување од 7%.

Ма, кој беше на врвот на листата минатата година, падна на петтото место бидејќи неговото богатство падна за 36% на 39,6 милијарди долари.

Пони Ма, шеф на гејмерскиот гигант и сопственик на WeChat Tencent, падна за две места на четвртото, бидејќи кинеските ограничувања за видео игрите го намалија неговото богатство за 19%. Второто место му припадна на основачот на TikTok, Џанг Јиминг.

Истражувачкиот институт Hurun, кој ја составува листата, соопшти дека секторот за недвижности за прв пат нема претставник во Топ 10. Најголем губитник во секторот беше Ксу Џиаин, основачот на активниот гигант Евергранде Груп, кој е во голема неволја. Тој испадна од листата на 100 најбогати откако изгуби околу 70 отсто од своето богатство и остана на 11,3 милијарди долари.