Џек Ма станува сликар?

55

Основачот на Alibaba, Џек Ма ужива во неговото ново хоби, откако неговата компанија се соочи со сериозни санкции од страна на кинеската администрација.

“Му оди прилично добро. Со сликарство се занимава од хоби, но му оди прилично добро“, рекол еден од менаџерите на Alibaba.

Ма имал тешка година, откако неговата компанија се соочила со силни санкции поради критики упатени до официјален Пекинг. Минатиот ноември, кинеското регулаторно тело ја запре планираната иницијална јавна понуда на Ant Group, финансиска подружница на Alibaba, во вредност од 34,5 милијарди долари, само неколку денови пред нејзиното деби.

Фото: Facebook