Џенерал Електрик ги надмина очекувањата во профитот и приходите

27

Џенерал електрик ги надмина сопствените очекувања за профит и приходи во третиот квартал, најмногу благодарение на силната продажба на делови од мотори на авиони. Но, проблемите со синџирот на снабдување продолжуваат, вели извршниот директор Лери Калп.

Џенерал електрик очекуваше заработка од 56 центи по акција минатиот квартал, но заработи 82 центи. Приходите се зголемија на 16,5 милијарди долари, пишува Seebiz.

Акциите на компанијата поскапеа за 3,95 отсто на 110,90 долари по објавувањето на резултатите на Њујоршката берза.