Познатата поп дива ја продава својата елегантна вила која се наоѓа во Hidden Hills, Холивуд, за 17 милиони долари.
Џенифер Лопез и нејзиниот поранешен сопруг Марк Антони за вилата која зафаќа површина од 2.000 метри квадратни, во 2010 година платија 8,2 милиони долари
Луксузната вила има девет спални соби, големо студио за танц кое служи и како сала за вежбање, домашно кино со 20 седишта, работна соба, осум камини и професионално музичко студио.
Надвор од идиличната внатрешност се простираат преубави зелени градини, базен и прекрасен простор за правење скара. Тука е и гаражата која собира осум автомобили и отворениот паркинг за 20 возила.