Џереми Кларксон ги избра најлошите автомобили за 2021 година

552

Популарниот ТВ водител Џереми Кларксон го стесни изборот на петте најлоши возила што ги возел претходната година.

Кларксон, е познат по својот уникатен стил на пишување, полн со иронија, но отсекогаш важел за некој кој не се двоуми да го критикува она што не му се допаѓа.

Првиот автомобил кој остави многу лош впечаток кај Британците е Genesis GV80.

„Дури и во Comfort режимот, автомобилот се чувствува како авион во тропска бура,“ рече поранешниот менаџер на Top Gear.

Критики доби и Jeep Renegade Trailhawk 4xe. Овде е нагласено дека кул името и изгледот надвор од патот не се во допир со реалните можности на овој автомобил. „Управувањето е индиректно, а менувачот е постојано збунет“, вели Кларксон.

Cupra Formentor доби силни пофалби од странски професионални новинари. Но не од Кларксон… Според него, тој не ја гледа целта на тој модел. Посебно негодуваше на недоволниот квалитет на ентериерот и неразбирливиот дисплеј за управување со инфозабавниот систем.

Друг автомобил за кој тешко може да се поверува дека се наоѓа на ваква листа е Mercedes S-Class.

„Има премногу екрани внатре, премногу подменија и гласовната контрола не го направи она што го барав. Дефинитивно не можете да го користите сето тоа додека возите, бидејќи во тој случај гарантирам дека ќе излетате“, тврди Кларксон.

Актуелното заштитно  лице на Grand Tour конечно спомна еден домашен автомобил – Land Rover Defender Hardtop. Тој изјавил дека изгледа добро, но дека е прескап и дека се сомнева во неговата способност да изигрува семејното возило.

„Доколку случајно би го поседувал, веднаш би го продал и би купил стар Range Rover“, заклучил Џереми Кларксон.